Поврзете се со нас

Англија

Гвардиола: Ако не го победиме Тотенхем…..

Објавено

на

Foto:twitter.com/ManCity

Манчестер Сити утре го има најтешкото гостување во завршницата од сезоната, не само поради важноста која го носи овој меч, туку и поради фактот што Тотенхем навистина е најнепријатен тим за Пеп Гвардиола во последните неколку години.

Сити загуби на сите четири последни гостување на стадионот на Тотенхем и не постигна ниту еден гол на дуелите во Премиер лигата, па јасно е дека Сити ќе мора да ја прекина оваа негативна серија ако сака да стигне до титулата.

– Нема да биде лесно и свесни сме за тоа. Имаме само една опција, треба да го добиеме натпреварот. Се може да се случи, но знаеме какви се последиците. Ако не го победиме Тотенхем, нема да станеме шампиони, нема да ја освоиме Премиер лигата.

– Тоа е она што мораме да го сфатиме пред да излеземе на терен. Ќе биде многу тешко, но знаеме за што играме. За да добиеме шанса на домашен терен во последното коло, мора да победиме утре.

– Одиме со тој менталитет, време е да ја прекинеме лошата серија со Тотенхем, – изјави Гвардиола.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни