Поврзете се со нас

Англија

Сеир во Англија за неверојатните сцени од театарот на соништата: „Олд Трафорд“ стана најмодерен водопад во светот (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/Arsenal

Манчестер Јунајтед полека привршува една сезона за заборав во Премиер лигата и вчерашниот пораз од Арсенал само ја продолжи агонијата во која падна тимот на Ерик Тен Хаг, но поразот сепак не е единствена грижа за фановите, но и за новиот косопственит на клубот.

Вчешраниот силен дожд во Манчестер на дело покажа дека состојбата на „Олд Трафорд“ е навистина лоша во овој момент, па голем дел од англиската јавност почна да се навраќа на изјавата која ја даде Кристијано Роналдо.

Застарената инфраструктура направи театарот на соништата да се претвори во фудбалски водопад на крајот од мечот, а објавените видео кои пристигнаа и од внатрешноста на стадионот само покажуваат дека „Олд Трафорд“ мора да добие реновирање и модернизирање.

Како што јавуваат англиските медиуми, денеска екпресно биле видени работници на стадионот со цел да ја поправат штета на кровот кој вчера прокисна за време на дерби натпреварот во Премиер лигата, но реално гледано, реконструкцијата треба да биде далеку пообемна.

Тоа денеска го потенцираат и најугледните телевизии од Англија, кои со видеа ја пренесуваат очајната состојба на стадионот за кој Роналдо тврдеше дека е застарен и застанат во времето.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни