Поврзете се со нас

Шпанија

Чави го прецртал незадоволниот Бразилец, Лапорта ќе мора да решава голем проблем

Објавено

на

Foto:twitter.com/FCBarcelona

Барселона реши да го задржи Чави Ернандес и да се го продолжи проектот кој го започна пред две и пол години, но очекувањата се ова лето да се донесат неколку важни одлуки во клубот кога е играчкиот кадар во прашање.

Во изминатите неколку дена кружат навистина интересни вести во каталонската јавност и истите се поврзани за фудбалери кои можат да донесат голема заработка и да ја наполнат клупската каса, особено поради тоа што Барса со добри очи гледа на продажба на Роберт Левандовски и Роналд Араухо доколку пристигнат понуди кои се задоволувачки.

Според пишувањата, никој во клубот не исклучува нивна продажба и така би се добиле посакувани финансии за свежа крв и нови засилувања во тимот на Чави, кој пак најверојатно донел дефинитивна одлука за бразилското зимско засилување.

Како што пишува „Кадена Сер“, Чави го прецртал Витор Роке за следната сезона и не го гледа како дел од своите планови на краток рок, па сега клубот ќе има навистина тешка задача да се договори со агентот на фудбалерот кој веќе се закануваше преку медиумите.

Андре Кари пред две недели најави дека Роке во ниту еден случај нема да прифати позајмица следната сезона, а од Барселона го посакуваат токму тоа, се со цел да не се продаде играчот кој беше доведен пред само неколку месеци.

Чави очигледно смета дека Бразилецот има потенцијал и светла иднина пред себе, но истовремено дека во овој момент не е подготвен да го носи дресот на голем клуб какошто е Барса. Клубот издвои 30 милиони евра за неговиот потпис во јануари и може да плати уште 30 во вид на бонуси, но пред да дојде до такво сценарио, ќе мора да седне на маса со претставниците на Роке за да се реши проблемот кој настана.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни