Поврзете се со нас

Македонија

Победа единствена светла точка во неефикасното попладне во ПМФЛ

Објавено

на

Четирите неделни натпревари во Првата македонска фудбалска лига минаа многу поскромно од тоа што можеше да се очекува, бидејќи три од четири вкупно голови беа постигнати на еден терен.

Победа беше единствена светла точка денеска во Првата македонска фудбалска лига и оствари огромен триумф на гостувањето во Кратово, совладувајќи го Силекс со 0:3.

Иако Силекс подобро го отвори мечот и имаше шанси за да поведе, тоа го направија гостите од Прилеп со голот на Стомнаровски, а кога сите очекуваа крај на мечот со минимални 0:1, два гола во судиското продолжение постигнаа Петејчук и Паноски за убедливи 0:3.

Во скромното фудбалско попладне во мак-фудбалот, победа оствари уште Шкупи на гостувањето кај Академија Пандев со голот на Диене (0:1), додека на останатите два меча немаше погодоци.

Градското дерби меѓу Скопје и Работнички заврши со најнепопуларниот резултат, а 0:0 одиграа и Шкендија и Брегалница.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни