Поврзете се со нас

Италија

Пирло нема да смета на важен фудбалер најмалку три недели

Објавено

на

Проблемите со повреди на Јувентус продолжуваат и по разочарувачката елиминација во Лигата на шампионите, а сега на листата недостапни фудбалери е и Мерих Демирал.

Дефанзивецот кој со направениот пенал му обезбеди важен гол на Порто во Торино, во финишот на истиот натпревар заработил и повреда.

Демирал денеска бил на прегледи, по што било утврдено дека има полесна мускулна повреда и таа бара мирување од барем три недели.

Тоа значи дека Андреа Пирло останува без овој фудбалер за следните неколку средби, а би требало во составот да бидат Де Лихт, Бонучи и Кјелини.

Јувентус продолжува со настапи во густиот распоред, па по дуелот со Кајлари викендов, на 17. март го игра заостанатиот дуел со Наполи, за потоа да следува викенд пресметката со Беневенто.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни