Поврзете се со нас

Франција

Пике: Мбапе? Чичко Флорентино секогаш е ваков, еден негов трансфер посебно ме повреди!

Објавено

на

Жерард Пике беше специјален гостин во Твич преносот кој го имаше новинарот Ибаи Ланос за време на пресметката меѓу Ремс и ПСЖ, обраќање при кое стоперот на Барселона говореше за најактуелната трансфер бомба која сите очекуваат да се реализира во последните часови од летниот преоден рок.

ПСЖ засега се покажува како тврд орев и не му ја олеснува ситуацијата на Реал Мадрид кога е во прашање ангажманот на Килијан Мбапе, а Пике е убеден дека Насер Ал Келаифи сигурно нема да го ослободи својот фантастичен фудбалер доколку нема ас во ракавот, или поточно, ако нема договорено друго големо име.

– Чичко Флорентино стратешки гледано секогаш бил опасен играч и тоа го докажа во даден момент. Ме болеше душата кога Фиго потпиша за Реал Мадрид, не можете ни да замислите како ми беше како на млад фан на Барселона.

– Може да се очекува се од Флорентино, но мене ме привлекува нешто друго. Ми мириса дека Насер Ал Келаифи нема да го пушти Мбапе доколку нема пронајдено замена и доколку нема кој да претстави како негов наследник во ПСЖ.

– Без оглед на тоа дали Мбапе ќе си оди, или ќе остане, ние треба да бидеме убедени дека Насер ни гарантира големи ѕвезди во француската лига во наредните неколку години, – изјави Пике.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни