Поврзете се со нас

Италија

Петто летно засилување: Марота донесе нов десен бек во Интер (Фото)

Објавено

на

Бепе Марота најави дека Интер ќе осигура најголем дел од засилувањата до почетокот на летните подготовки, план кој речи и да го исполни, со исклучок на Пауло Дибала со кого преговорите се оладија во последно време.

Главниот оперативец на Интер ја заокружи и петтата зделка која ја имаше на половина пат од месец јуни, па така Интер ова утро и официјално го потврди петтото летно засилување по потписите на Лукаку, Аслани, Онана и Мхитаријан.

Симоне Инѕаги добива нов десен бек во тимот и конкуренција за Дамфрис, и тоа во играч кој имаше одлични настапи за Калјари изминатата натпреварувачка сезона.

Интер го потврди ангажманот на Раул Беланова кој доаѓа од Сардинија на едногодишна позајмица која ќе го чини клубот 3 милиони евра, со тоа што „нераѕурите“ имаат право на откуп за 7 милиони евра.

Беланова има само 22 години и важи за голем потенцијал, а интересно е тоа што младинските категории ги мина како член на градскиот ривал Милан.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни