Свет
Перуанците се одбранија од бразилските ѕвезди во нападот, но немаа решение за Маркињос (Видео)

Бразил ја запиша и втората победа во второто квалификациско коло за Светското првенство, но до неа дојде многу потешко од очекувањата и со вложен голем труд на гостувањето кај Перу.
Перуанците секогаш важат за незгодни домаќини и рано утрово беа многу блиску до нов бод во групната фаза во Јужна Америка, но иако успеаја да се одбранат од налетите на Нејмар и останатите напаѓачи, сепак не успеаја да го сопрат Маркињос.
Капитенот на ПСЖ ја искористи извонрендата конекција со Нејмар и успеа да погоди по воиграниот корнер со својот соиграч, а тоа беше доволно за слатка победа на тешкото гостување.
Стоперот беше највисок во скокот на првата статива и успеа да го матира противничкиот голман во 90-та минута, што не им остави време на Перуанците да реагираат.
Претходно, Бразил оствари убедлива победа над Боливија со 5:1 и тоа е доволно „кариоките“ да бидат на првото место со шест бода, исто колку што има и Аргентина.
-
Англијапред 19 часа
Кин го советува отпишаниот Санчо: Постои само еден начин да си ја спаси кариерата во Јунајтед
-
Шпанијапред 19 часа
Историја во Ла Лига: Малиот каталонски клуб за првпат на врвот, во следното коло ќе го брани првото место против Реал! (Фото)
-
Италијапред 22 часа
Инѕаги го поздрави противникот кој го потопи Интер: Постигна страшен гол (Видео)
-
Англијапред 23 часа
Познати се паровите за 4.рунда во Карабао Купот: Дербито се игра на „Олд Трафорд“, Арсенал го очекува уште еден соседски предизвик (ФОТО)
-
Англијапред 19 часа
Гвардиола брутален по елиминацијата: Не сакам да губам енергија на ова натпреварување
-
НБАпред 20 часа
Лилард ја потврди големата „НБА бомба“ за која зборува цела Америка (Фото)
-
Италијапред 22 часа
Гарсија за потресот во Неапол наречен „Виктор Осимен“: Можам да кажам само едно
-
Англијапред 21 час
Клоп воодушевен од летното засилување кое продолжи да блеска: Уште од првата минута импресионира со својот пристап (Видео)