Германија
Оперативецот на Леверкузен се огласи за „специјалната клаузула“ во договорот на Чаби

Чаби Алонсо пред една година презема состав кој немаше никаква идеја и кој изгледаше очајно во Германија, но 12 месеци подоцна, легендарниот Шпанец изгради респектабилен тим кој е и лидер во Бундеслигата.
Поранешниот играч за врска се покажува како извонредно решение на клупата и „фармацевтите“ уживаат во методите кои ги применува во првиот тим, но стравувањата се дека Леверкузен нема да може уште долго да го задржи во своите редови.
Алонсо веќе има неколку клуба кои сериозно го следат неговиот прогрес, а угледниот „Билд“ излезе со ексклузива дека Чаби во договорот има специјална клаузула за ослобоување, според која би можел лесно да се пресели во три клуба (Баерн, Ливерпул и Реал Мадрид).
На оваа тема сега се огласи и извршниот директор на Леверкузен, кој вели дека не му е потребна хартија или никаква клаузула за решавање на проблемот, доколку Чаби навистина посака да си замине еден ден од „Бај арена“.
– Чаби нема специјална клаузула во договорот, такво нешто не е потребно. Имаме многу добар однос со Чаби и тој знае дека сите во клубот сериозно си ја вршиме работата. На крајот од денот, нема да тераме никој со сила да остане во клубот, ако тој не го сака тоа. Сакаме да се чувствува среќно и добро со нас, тоа е нашата цел, – вели оперативецот на Леверкузен, Фернандо Каро.
– Немаме никаква клаузула потпишана на хартија, понекогаш поважен е зборот и довербата. Знаеме дека ако сака да прави нешто друго, можеме отворено да зборуваме. Се надевам дека нема да треба да го правиме тоа во блиска иднина, – изјави Каро.
-
Англијапред 19 часа
Невил искрено за Јунајтед: Ова е тажна позиција, се изморив од сопствениот клуб…
-
Англијапред 17 часа
Кин почнува да се сомнева во Сити: Има причина зошто…
-
Светпред 20 часа
Емотивен крај: Суарез постигна гол на последниот натпревар за Гремио и го прослави во стилот на Меси (Видео)
-
Италијапред 15 часа
Поранешен италијански судија го закачи Мурињо: Голем тренер не ги прави овие работи, ова мора веднаш да престане
-
Англијапред 22 часа
Конкуренција за Гарначо: Тривела-магија во Англија се издвојува како сериозен кандидат за „Пушкаш“ наградата (Видео)
-
Англијапред 4 часа
Ширер: Јунајтед има голем проблем во соблекувалната, четворица играчи се откажаа од борба
-
Германијапред 16 часа
Хаман за ѕвездата на Баерн: Тухел не го сака во екипата, нивните патишта се разминуваат
-
Светпред 14 часа
Издвои три имиња: Белингем „знае“ кој ќе ја освои наградата „Златно момче“ за 2024 година