Поврзете се со нас

Англија

Невил за ситуацијата со Роналдо: Ова мора да заврши!

Објавено

на

Манчестер Јунајтед освои четири бода на последните два натпревари во Премиер лигата против Тотенхем и Челси, два натпревари на кои најголемата ѕвезда во екипата Кристијано Роналдо не одигра ниту една минута.

На средбата со „петлите“ тој дури одби да влезе во игра и предвреме замина во соблекувалната по што беше санкциониран од клубот. менаџерот Тен Хаг кој реши да го отстрани од првата екипа и да не биде во комбинација за средбата со „сините“,

Токму Португалецот е во центарот на вниманието и покрај добрите изданија на екипата, па има многу дебати, коментари, па една таква жестока водеа Гери Невил и Рој Кин по која првиот испрати јасна порака, заклучок за целата ситуација.

-Завршето го оваа недела или создадете примирје до Светското првенство и потоа прекинете го. Ова мора да заврши, -истакна Гери.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни