Поврзете се со нас

Италија

Мурињо: Задоволство е да бидеш нападнат од човек со суспензија за обложување

Објавено

на

Фото: https://twitter.com/OfficialASRoma

Рома не успеа да го задржи мотивираниот Интер на домашен терен, а тренерот Жозе Мурињо истакна дека е задоволен од борбеноста и залагањето на своите фудбалери кои не можеле да сторат повеќе против квалитетниот ривал.

Покрај тоа што испратил многу комплименти на своите играчи, па и на противникот кој според него е „најдобар италијански клуб во моментов“, Мурињо не успеал да го заврши интервјуто без контроверзен момент.

На прашањето околу судиските одлуки и ситуацијата во Серија А, Мурињо испратил порака до Ренцо Уливиери, првиот човек на Италијанската асоцијација на тренери.

– Имаше спорни моменти на натпреварот за кои клубот ако сака може јавно да реагира, но јас нема да го направам тоа затоа што бев нападнат од медиумите.

– Но, исто така и ми причинува задоволство што сум нападнат од некој кој има добиено тригодишна суспензија поради нелегално обложување. Тоа ме прави среќен, пријатно, – рекол Мурињо и го завршил интервјуто.

Португалецот алудирал на казната на Уливиери за учеството во скандал со обложување во 80-те години. Поранешниот тренер претходно јавно го критикуваше Мурињо за однесувањето и постојаните напади на италијанските судии, нешто што не го прават домашните тренери.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни