Поврзете се со нас

Италија

Мурињо прозва две ѕвезди на Рома од кои не е задоволен: Само Ел Шарави е добар во нападот

Објавено

на

Жозе Мурињо го впери прстот кон судиите и УЕФА и порача дека арбитрите се главна причина за ремито кое го оствари Рома против Бодо Глимт вчеравечер во Рим, што во превод значеше дека „волчицата“ не креираше слатка одмазда за срамниот пораз кој го претрпе пред две седмици во Норвешка.

По историските и срамни 6:1 на гостувањето, Рома вчера одигра 2:2 на домашен терен и всушност на двапати се враќаше од негатива, па покрај резонските критики кои ги имаше Мурињо кон судиите, не поштеди и двајца првотимци од кои многу очекува, а кои играат во навистина лоша форма во последно време.

Португалецот го пофали Ел Шарави кој постигна два гола на последните два меча, но јавно ги прозва Николо Ѕаниоло и Тами Ејбрахам кои не прават разлика во нападот за неговиот тим.

– Тоа што е вистина, не може да се негира. Ѕаниоло и Ејбрахам не се во добра форма. Само Ел Шарави е добар во нападот во овој момент, Шомуродов не беше лош откако влезе од клупа со оглед на минутите кои ги доби.

– Може да бидеме прагматични и реално да гледаме и на овие статистики, но јас сум позагрижен за судиските грешки кои ни носат штета. Погледнете само како бевме оштетени против Јувентус, Милан и Бодо Глимт, – се пожали Мурињо.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни