Поврзете се со нас

Италија

Мурињо: Не сакам да зборувам за судијата…

Објавено

на

Тимот на Рома утре го пречекува Бодо Глимт во Конференциската Лига на УЕФА, меч кој е одлична можност за калчолигашот да му се одмазди на противникот кој ги посрамоти во Норвешка победувајќи ги со неверојатни 6-1.

Меѓутоа медиумите повеќе беа заинтересирани да добијат коментар од Жозе Мурињо за судијата Фабио Мареска кој беше главен на дербито кое Милан го доби со 2-1 на „Олимпико“. Мареска имаше одлуки кои донесоа нервоза кај домаќините и тренерот Мурињо кој дури и беше казнет со 10.000 евра поради „иронично и непочитувачко“ однесување кон арбитарот по последниот судиски свиреж.

„Специјалниот“ поучен од ова и тоа што му се има случувано во минатото не сакаше воопшто да говори на оваа тема.

-Нема да зборувам за судијата и нема да зборувам за Серија А, -порача Мурињо кој запрашан за разликите во настапот на Рома против Калјари и Милан пак кратко порача:

-Нема да разговарам за тоа што сме направиле во Серија А, -рече Португалецот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни