Поврзете се со нас

Италија

Моџи: Јувентус има помалку финалиња со Роналдо

Објавено

на

Поранешниот генерален менаџер на Јувентус, Лучијано Моџи го критикуваше Кристијано Роналдо во својата последна колумна во „Либеро“.

По елиминацијата од Лигата на шампионите, јавноста се нафрли врз Португалецот бидејќи и тој потфрли во двомечот со Порто, а Моџи вели дека целиот трансфер на Роналдо е погрешен чекор.

– Јас бев против неговото купување, затоа што носи голем финансиски товар на 34-годишна возраст. Не можеме да не ја препознаеме неговата класа, но исто така факт е дека со него во составот Јувентус освои ист број титули како и претходно, а наместо до финале во Лигата на шампионите, стигна само до осминафиналето, – вели Моџи.

Тој го прокоментирал и начинот на кој Роналдо ги прослави головите против Калјари, користејќи го хет-трикот да им одговори на критичарите.

– Роналдо се смета за „жртвено јагне“ по елиминацијата, па сакаше да одговори на критиките. Јас сметам дека не треба да се лути ако некој го посочи како виновник за таквиот епилог, бидејќи беш виновен за вториот гол на гостите, – напишал Моџи.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни