Поврзете се со нас

Репрезентација

Милевски: Овој тим може да и се спротистави на Англија, ваков меч се игра еднаш во кариерите

Објавено

на

Новиот предизвик за Македонија во квалификациите за Европското првенство е селекцијата на Англија со која ќе се соочиме на „Олд Трафорд“.

Ова е дуел во кој нашата репрезентација не може ништо за загуби, поточно може многу да добие затоа што се соочуваме со екипа која важи за една од најдобрите во Европа и во светот.

Селекторот Благоја Милевски е свесен за квалитетот на противникот, но во исто време има голема доверба во македонските фудбалери за кои е убеден дека ќе дадат се од себе за да се претстават во најдобро светло во Манчестер.

-Македонија покажа не само сега во моментов, туку покажува и назад неколку години дека има квалитет и потенцијал да биде конкурентна во Европа. Да не се навраќам што овие момци имаат постигнато низ годините. Овој тим има потенцијал да одигра добар меч со Англија, а потоа да биде конкурентна и во квалификациите.

-Ме радува фактот што Серафимов и Велковски го завршија тренингот без проблеми. Се надевам дека ќе се стават во функција на денешниот натпревар. Натпреварот кој ни следи го играте еднаш, можеби и ниеднаш пак во своите кариери. Мора да го потврдиме она кое го покажавме во претходните дуели.

-Околу Англија, не треба да се трошат зборови, дали е индивидуален или тимски најдобар. Се работи за екипа со врвни фудбалери, кои пред некое време ја освоија Лигата на шампионите. Би ја сместил Англија во ТОП-3 во Европа и ќе ни биде чест да одиграме меч со таков ривал, -истакна Милевски.

Дуелот се игра во вечерниот термин од 20:45 часот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни