Поврзете се со нас

АТП

Медведев со фуриозно издание ја започна одбраната на титулата во Њујорк

Објавено

на

Данил Медведев го победи Ѓоковиќ во минатогодишното финале и не му дозволи на Србинот да стигне календарски слем, па тоа значи дека оваа сезона ја брани титулата на Ју-Ес Опен.

Русинот настапи на премиерниот ден во Њујорк и без поголеми потешкотии се пласираше во втората рунда на последниот грен слем во годината, губејќи само шест гејма во трите сета.

Медведев не му даде шанса на домашниот тенисер Козлов и поведе со 6:2 и 6:4, додека најфуриозен беше во третиот сет во кој му подари „компир“ на противникот.

Данил победи со 6:0 во последниот сет и лесно се најде во наредната рунда на турнирот, во која се пласираа и Руд и Беретини со победите во првото коло.

Противник на Русинот во наредната рунда ќе биде Французинот Риндернех.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни