Поврзете се со нас

Италија

Малдини за повторната средба со Гатузо: Се прегрнавме во тунелот, тој е тренер кој константно…

Објавено

на

Екипата на Милан доживеа неочекуван пораз од Наполи (0:1) кој дополнително ќе ги оддалечи од битката за титулата во Серија А со нивниот градски ривал, Интер.

На клупата на Наполи седеше легендата на „росонерите“, Џенаро Гатузо кој за прв пат се врати на „Сан Сиро“ како противник на Милан.

Популарниот Рино кој извесен период седеше и на клупата на Милан со крената глава го напушти „Сан Сиро“ откако неговиот тим успеа да забележи минимална, но значајна победа на оваа средба.

По натпреварот, Малдини упати само пофални зборови за Гатузо опишувајќи го како тренер кој постојано се развива.

– Се прегрнавме во тунелот. Џенаро е тренер кој постојано се развива. Мислам дека најдобрата работа за Гатузо е тоа што е доста отворен за нови идеи, дури и поинакви од оние на кои сме навикнати, затоа што тој е тренер кој постојано се развива, -заклучи Гатузо.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни