Поврзете се со нас

Репрезентација

Македонија го задржа местото на ФИФА ранг листата, Аргентина по шест години повторно е на врвот

Објавено

на

Светската фудбалска федерација (ФИФА) ја објави новата ранг листа на најдобрите селекции на планетава.

Македонската репрезентација забележа две победи против Малта и Фарски Острови во изминатиов период, меѓутоа тие резултати не ни помогнаа да напредуваме, па така ние со 1363.07 поени остануваме да бидеме 65 светска сила.

Кога се во прашање нашите ривали во квалификациите за ЕП, најдобро стои Англија која е на 5. позиција, Италија е 8, Украина 30, додека Малта е наоѓа на 172. место.

Има промени и кога е во прашање врвот, Аргетина по пауза од шест години одново е сила број еден во светот на фудбалот. Триумфите над Панама и Куракао како и поразот на Бразил од Мароко им помогна на „гаучосите“ да дојдат до првото место пред Франција, споменаиот Бразил, Белгија, Англија, Холандија, Хрватска, Италија, Португалија и Шпанија која ја заокружува првата десетка на светот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни