Поврзете се со нас

Свет

Македонецот Андоновски и го оствари сонот: Американка со хендикеп стана прва фудбалерка која заиграла за националниот тим (ВИДЕО)

Објавено

на

Македонскиот стратег, Влатко Андоновски веќе неколку години е селектор на американската фудбалска репрезентација, национален тим кој е меѓу најдобрите на светот.

Токму Влатко имаше своја улога во испишувањето на нова историја и тоа откако дозволи Карсон Пикет која е фудбалерка со хендикеп да настапи, дебитира за Соединетите Американски Држави. Пикет е родена без дел од својата лева рака, но тоа не и пречи да се бори, докажува и да биде дел од најдобриот тим на САД.

Со 28 години и настапот во пријателската средба против Колумбија (2-0) таа е најстариот дебитант во САД по МекКол Зербони која за првпат заигра на репрезентацијата на 30 години (2017).

-Карсон беше одлична на тренинзите минатава седмица и со оглед на управувањето со минутите за Емили Фокс, чувствувавме дека Карсон ќе биде одлична замена. Среќен сум што таа можеше да се претстави добро 90 минути, -порача селекторот Андоновски.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни