Поврзете се со нас

Репрезентација

Мајсторијата на Елмас недоволна за победа над Словенија: Чрнигој во 97 минута погоди за реми (Видео)

Објавено

на

Репрезентацијата на Македонија ремизираше во првиот контролен натпревар пред настапот на Европското првенство откако на арената „Тодор Проески“ одигра 1:1 против селекцијата на Словенија.

Избраниците на Игор Ангеловски одиграа солидни 90 минути против квалитетната репрезентација на Словенија, а до победата не делеа секунди затоа што гостите до ремито стигнаа со погодок постигнат во 97. минута.

Македонија во поголем дел од натпреварот имаше контрола над играта и беше подобар противник во сите сегменти, а во 55. минута заслужено стигна до водство со мајсторскиот погодок на Елиф Елмас.

Сепак, на крајот Словенија успеа да се спаси од пораз откако Чрнигој во судиското продолжение го матираше Димитриевски и го постави конечниот резултат.

Треба да се напомене дека во последната четвртина од натпреварот, Ангеловски шанса им даде на репрезентативците кои не се во прв план, па можеби тоа резултираше со мало опуштање во играта и на крај примање на погодок.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни