Поврзете се со нас

Шпанија

Луис Енрике селектираше играч на Реал по пауза од 235 дена: Немаше да отсуствува ниту еднаш доколку немаше повреди

Објавено

на

После точно 235 дена, Луис Енрике конечно селектираше играч на Реал Мадрид и повика член на „кралскиот клуб“ во шпанската фудаблска репрезентација, па така тоа се претвори во главна вест на Пиринеите заедно со објавата за враќањето на Чави Ернандес во Барселона.

Серхио Рамос беше последниот играч на Реал кој играше за Шпанија на 21-ви март оваа година, а седум и пол месеци подоцна, Дани Карвахал е човекот кој го крши мразот и кој повторно е повикан од страна на Луис Енрике.

Селекторот на Шпанија порача дека Карвахал нема да отсуствува од ниту една негова листа ако бил во добра здравствената состојба, но покрај десниот бек, повратник во селекцијата е и Ансу Фати.

– Со Карвахал нема никакво изненадување. Ако не беше повреден, немаше да отсуствува ни од една моја листа која ја објавив во последно време. Многу сум среќен што го имам во тимот, неговото присуство и дава друго ниво на селекцијата, – изјави Луис Енрике кој му посака среќа и на Чави.

– Се надевам дека ќе му оди добро во Барселона. Му посакувам се најдобро и се надевам дека ќе оствари се што ќе зацрта како тренер на Барса, – додаде шпанскиот селектор.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни