Поврзете се со нас

Германија

Левандовски го скрши отпорот на Аугзбург, Баерн на добар пат да ја одбрани титулата во Бундеслиигата (ВИДЕО)

Објавено

на

Баерн Минхен мораше добро да се испоти, но дојде до посакуваниот резултат во баварската пресметка против Аугзбург во Бундеслигата.

Домаќинот долго време се обидуваше да го скрши отпорот на гостинот на „Алијанц Арена“ и тоа се до 82 минута кога Левандовски биеше прецизно од 11 метри за конечни 1-0. Ова за Полјакот беше 32 сезонски погодок, додека пак Баерн дојде до 22 победа со која ја задржа предноста од девет бода во однос на Борусија Дортмунд и е на добар пат да ја одбрани титулата со оглед на тоа што до крајот остануваат уште пет кола.

На другите дуели Волфзбург ја прегази Армија со 4-0, Келн славеше над Мајнц со 3-2, а пак Менхенгладбах ја потврди фаворитската улога против Гројтер Фирт (2-0).

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни