Поврзете се со нас

Италија

Летното засилување „запали“, Аталанта е лидер во Серија А (ВИДЕО)

Објавено

на

Екипата на Аталанта ја потврди фаворитската улога и славеше над Монца со 2-0 во еден од трите денешни натпревари во Серија А.

Клубот од Бергамо потврди дека се наоѓа во одлична форма на стартот на новата кампања и со два гола во вториот дел му пресуди на новајлијата во елитната италијанска конкуренција. Резултатот го отвори летното засилување, играчот за кого Аталанта издвои 17 милиони евра Расмус Хојлунд.

Скандинавецот се најде на вистинското место по топката која ја испрати Лукман за водство во 57 минута. Три минути подоцна Марлос си постигна автогол и на тој начин го потврди триумфот на избраниците на Гасперини.

Аталанта со 13 бода е на врвот на табелата, место каде може и да остане и по 6. коло со оглед на тоа што го пречекува Кремонезе.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни