Поврзете се со нас

Италија

Леао отпадна и доби очекувана замена во стартниот тим на Милан, Инѕаги без изненадувања во почетните 11 (Фото)

Објавено

на

Foto:twitter.com/Inter

Стефано Пиоли вчера најави дека ќе биде „се или ништо“ за Рафаел Леао кога е во прашање првиот полуфинален дуел со Интер во Лигата на шампионите, а на нешто повеќе од еден час пред дуелот, стана јасно дека сепак Португалецот мора да се помири со „ништо“.

Големата ѕвезда на Милан сепак не ги минала последните тестови и нема да биде дел од вечерашнио голем меч на „Сан Сиро“, па поради повреда не се наоѓа ниту на клупата за резерви.

Леао се повреди на дербито против Лацио и веднаш се вклучи алармот, но и покрај тоа што најавите беа позитивни, на крајот Пиоли и медицинскиот тим решија да не ризикуваат и Рафаел нема да се најде на теренот, ниту како стартер, ниту како резерва.

Неговото место во стартниот тим го пополнува Салемакерс, а останатите 10 играчи се очекувани и Пиоли излезе без никакви изненадувања.

На голот е Мењон, Калабрија, Кјаер, Томори и Ернандес се во одбраната, Бенасер, Круниќ и Тонали во средниот ред, а покрај Салемакерс, истурени во офанзивата ќе бидат и Дијаз и Жиру.

Без големи изненадувања е и составот кој го избра Симоне Инѕаги, кој во стартните 11 ги избра:

Онана, Дармијан, Ачерби, Бастони, Дамфрис, Барела, Чалханоглу, Мхиратијан, Димарко, Лаутаро и Џеко.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни