Поврзете се со нас

Свет

Квеирош лут по црвениот картон: Судијата го започна шоуто уште во соблекувална

Објавено

на

Египетската фудбалска репрезентација го победи Камерун на пенали и се пласираше во финалето на Африканскиот куп на нации, но тоа не ја намали лутината кај селекторот Карлос Квеирош.

Португалскиот стручњак заработи црвен картон за време на полуфиналето во кое Египет се соочи со домаќинот на турнирот, а по завршувањето на средбата испрати сериозни обвинувања на сметка на судијата и Африканската конфедерација.

– За жал, повторно испратија судија без искуство, без потребното ниво и судија желен да прави шоу. Се започна уште во соблекувалната.

– Уште непочнат натпреварот, судијата дојде во соблекувалната и правеше проблеми, но и потоа и покрај сите одлуки против нас, ние постојано бевме подобри и победивме на пенали.

– Африканската конфедерација не го почитува Египет, игравме во најлоши термини и на најлоши терени, а не ми е јасно како овој судија може да биде делегиран на ваков натпревар после се што има направено во минатото, – изјавил Квеирош.

Неговиот Египет во финалето на АФКОН ќе игра против Сенегал.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни