Поврзете се со нас

АТП

Крај на сагата: Ѓоковиќ излезе со официјално соопштение за Австралија Опен (Фото)

Објавено

на

Властите во Викторија направија исклучок за Новак Ѓоковиќ и му дадоа зелено светло за пристигнување на Србинот во Мелбурн, што автоматски значи дека се стави крај на сагата и мистеријата поврзана за светскиот рекет број еден.

Ѓоковиќ и дефинитивно ќе игра на Австралија Опен и ќе ја брани освоената титула на првиот грен слем турнир во годината, сето тоа откако властите конечно решиле да попуштат и да му дозволат на Ноле да игра на неговиот омилен турнир кој најмногу го има освоено.

Во својата објава на социјалните мрежи, Новак им ја честиташе новата година на своите фанови и следбеници и најави дека го чекаат возбудливи тениски денови.

– Среќна нова година на сите! Ви посакувам многу здравје, љубов, радост и среќа. Да гледате, да дишете и да мислите на љубов, да ја негувате почитта кон секого и секое живо суштество на оваа планета.

– Ми годеше тоа што бев блиску до моето семејство и блиските луѓе, се одморив од долгата и успешна сезона во 2021-ва година. Сега тргам кон Австралија бидејќи добив исклучок и подготвен сум да живеам и да дишам за тенисот во наредните неколку недели. Ви благодарам на сите за поддршката.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни