Италија
„Кориере дела Сера“ тврди дека Лацио го прекршил тренинг правилото
Лацио посакува да ја продолжи сезоната во Серија А на начин на која го заврши претходниот дел, но „Кориере дела Сера“ тврди дека Симоне Инѕаги и неговите фудбалери ја прекршиле забраната за колективент тренинг.
Според официјално утврдените мерки од италијанската влада, клубовите смеат да одржуваат колективни тренинзи од 18 мај, но новинарот на споменатиот медиум тврди дека денешниот утрински тренинг на кој учествувале шест фудбалери, завршил со петминутно соочување „три на три“.
Оваа информација предизвика многу контроверзи во Италија бидејќи би значела директно прекршување на мерките кои мора сите да ги почитуваат, а „Кориере дела Сера“ потенцира дека овој тренинг се одржал на помошен терен на кој екипата е поизолирана од случајните минувачи.
Клубот засега не реагираше со демант, но изјава дојде од првиот човек на медицинскиот тим, Иво Пучини.
– Ја прочитав веста и фотографијата која е употребена е стара. Од клубот ме уверија дека информацијата не е точна, во спротивно ќе поднесам оставка на функцијата. Мора да преземам одговорност доколку тие што треба не ги следат моите препораки, – истакнал Пучини.
-
Шпанијапред 19 часа
Анчелоти за партијата на ветеранот: Имаше лош меч, но немој да го вперувате прстот кон него!
-
Англијапред 20 часа
Мадисон му испрати „отровна стрела“ на Сака по крајот на тензичното дерби (Видео)
-
Италијапред 16 часа
Капитенот на Наполи избра страна по конфликтот меѓу Осимен и Гарсија
-
Шпанијапред 20 часа
Мората потсети на една незаборавна изјава на Чоло откако му даде два гола на Реал: Дечињата од Мадрид…..
-
Италијапред 19 часа
Мурињо: После ова што го видов, веќе никогаш нема да кажам лош збор за „Олимпико“
-
Италијапред 21 час
Наполи продолжи да губи бодови, Де Лаурентис се јави со интересна реакција
-
Англијапред 21 час
Покетино по новата катастрофа на Челси: Ни недостасува само едно нешто
-
Англијапред 21 час
Менаџерот на Лидс покажа како се „лепи“ топка, навивачите збеснаа на трибините (ВИДЕО)