Поврзете се со нас

АТП

Кирјос помириса марихуана од трибините и направи шоу во Њујорк (Видео)

Објавено

на

Ник Кирјос мораше да игра четири сета за да ја мине втората пречка наречена Бонзи, но во втората половина од вториот сет, Австралиецот се погрижи и за шоу кое ги насмеа коментаторите.

Автралискиот тенисер секогаш будно ги следи случувањата на теренот, но и оние на трибината, особено поради фактот што често знае да влезе во конфронтација со некој фан.

Овојпат не успеа да го детектира „натрапникот“, но затоа му потенцираше на главниот судија дека треба да ја прекине играта, бидејќи некој на трибината пуши марихуана.

Впечатливиот мирис на марихуаната му го привлече вниманието на Кирјос, кој се жалеше дека не може да се концентрира во такви услови:

– Многумина не знаат дека сум асматичен, дека имам асма. Кога трчам од страна на страна на теренот, понекогаш имам проблеми со дишење и мирисот на марихуана сигурно нема да ми помогне, – порача Кирјос.

По неговите протести, судијата ги замоли присутните навивачи да прекинат со „пушење“ и доколку го прават тоа, да биде надвор од трибините.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни