Поврзете се со нас

Германија

Кејн издоминира на „Дер Класикер“, Борусија претрпе тежок пораз (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/FCBayern

Хари Кејн повторно е јунак број еден во новата победа која ја оствари Баерн Минхен во Бундеслигата, но оваа беше специјална поради противникот со кој играше германскиот шампион.

„Дер Класикер“ дербито секогаш привлекува најголемо внимание во фудбалска Германија, меѓутоа за разлика од обично, овојпат немеше никаква неизвесност во Дортмунд и „милионерите“ настрадаа на „Сигнал Идуна парк“.

Причинителни за тоа беа расположените играчи на Томас Тухел кои се опоравија од срамната елиминација во Купот од третолигашот Сарбрикен, а сигурен во своите реализации беше Хари Кејн.

Дајот Упамекано го отвори резултатот уште во 4-та минута, а веќе пет минути подоцна вторпат се тресеше мрежата на домаќините по молскавичната контра која ја осмислија Сане и Горецка, а која на крајот ја заврши Кејн.

Англискиот голгетер не застана тука и беше мирен и во второто полувреме, кога најпрво по додавање од Коман зголеми на 3:0, а во судиското продолжение ги постави и конечните 4:0 по асистенцијата од Павловиќ.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни