Поврзете се со нас

Шпанија

Касилјас ја шокираше Твитер заедницата со објавата дека станал геј, Пујол веднаш му одговори (Фото)

Објавено

на

Икер Касилјас се разведе од Сара Карбонеро минатата година и стави крај на бракот кој на свет донесе и две деца, но како фудбалска ѕвезда која се води за „сингл“ веќе извесно време, сега реши да ја шокира Твитер заедницата.

Легендарниот голман пред една седмица мораше да демантира дека има било каква врска со Шакира, но денеска ги зачуди сите со својата Твитер објава која се уште нема никакво објаснување.

Поранешниот капитен на Реал Мадрид објави дека станал геј и побара почит од сите свои следбеници на социјалните мрежи, на кои во продолжение им посака и пријатно неделно попладне.

Многумина прогнозираат дека оваа објава на Икер е само една обична шега, но тоа му донесе и многу негативни коментари, кои резултираа со отследување на неговиот официјалниот профил.

За разлика од фановите со предрасуди, Карлес Пујол реши да се пошегува и возврати со следниот коментар на објавата на Твитер:

– Дојде време да го кажеме тоа што го имавме Икер…..

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни