Поврзете се со нас

Англија

Карик смета дека судијата му подарил пенал на Челси

Објавено

на

Манчестер Јунајтед освои бод на првиот премиерлигашки натпревар по отказот на Оле Гунар Солскјер, а неговиот привремен наследник, Мајкл Карик, вели дека е незадоволен од бодот во дуелот со Челси.

Карик смета дека неговиот тим заслужил повеќе, а е убеден и дека немало пенал за противникот.

– Искрено, разочаран сум. Кога имаш водство на ваков натпревар, разочарувачки е да не победиш.

– Дојдовме да победиме, па останува одредена горчина, не сакам да лажам, разочаран сум што не победивме.

– Убеден сум дека не беше пенал. Тие имаа неколку добри шанси, Де Хеа одбрани, а во останатиот дел од средбата се чувствувавме комфорно на теренот, – изјавил Карик.

Јунајтед има 18 бода и останува на минус дванаесет од лидерот Челси.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни