Поврзете се со нас

Шпанија

Капело со совет до Реал: На нив повеќе им е потребен…

Објавено

на

Фабио Капело во својата кариера два пати беше дел од Реал Мадрид, тим со кој освои две лигашки титули во 1997 и 2007 година.

Тој многу добро го познава го познава шпанскиот великан и како човек кој некогаш бил дел од оваа организација дефинитивно сака истата да бележи успеси, да освојува титули, па од свој агол даде совет околу две можни засилувања, ѕвезди кои се поврзуваат со составот од Мадрид.

Килијан Мбапе е фудбалер кого Реал долго време го брка и можеби токму во оваа 2024 година конечно ќе дојде до неговиот потпис со оглед на тоа што договорот со ПСЖ му истекува на крајот на месец јуни. Потивко пак се говори за можноста Ерлинг Халанд од Манчестер Сити која повеќе би била актуелна ако не се оствари планот со Французинот, па Капело посочи кој играч би бил подобро решение за поранешниот европски шампион.

-Мбапе не е центарфор, повеќе сака да игра на крилните позиции. Мадрид веќе го има Винисиус, но Мбапе е Мбапе! Ако Реал сака да го потпише, мора да се запраша дали сега имаат центарфор. Немаат ниту еден. Тоа им треба повеќе. Но, ако сакате да го погледнете техничкиот квалитет, кој е подобар фудбалер, Мбапе е над Халанд, -порача Фабио за „Марка“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни