Поврзете се со нас

Англија

Јунајтед го „замрзна“ Антони на неодредено време, Бразилецот се јави со официјален став (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/ManUtd

Бразилецот Антони се соочува со најнепријатните моменти во својот живот, бидејќи поранешната партнерка покрена сериозни обвиненија против него и го обвини за физичко насилство со нанесени тешки телесни повреди.

Овој скандал кој изби со ѕвездата на Манчестер Јунајтед пристигна пред да стартува репрезентативната пауза, но откако Бразил го отстрани од списокот за своите натпревари, сега сличен рецепт применува и клубот од „Олд Трафорд“.

Јунајтед денеска излезе со официјално соопштение дека утре ќе се вратат на обврските сите играчи кои стоеја на располгање на своите репрезентации, но нагласи дека Антони нема да тренира со првиот тим на неодредено време, односно дека не се расветли случајот во кој е првообвинет од поранешната партнерка Габриела Кавалин.

По оваа објава на клубот, со свој став на социјалните мрежи се јави и самиот фудбалер:

– Се договорив со Манчестер Јунајтед да бидам отсутен одреден период додека ги разгледувам обвинувањата против мене. Ова беше заедничка одлука со цел да се избегне непотребно влијание врз моите соиграчи и непотребни контроверзии за клубот.

– Сакам да ја повторам мојата невиност за работите за кои сум обвинет и целосно ќе соработувам со полицијата за да помогнам да се дознае вистината. Со нетрпение очекувам да се вратам да играм што е можно поскоро, – порача Антони.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни