Поврзете се со нас

Италија

Италијански репрезентативец потпиша договор со Наполи (ФОТО)

Објавено

на

Наполи не е премногу активен на трансфер пазарот, но затоа се обидува да ги врзе со повеќе годишни договори дел од играчите.

Виктор Осимен е на добар пат да стави потпис на новата соработа, а додека се чека на тоа актуелниот италијански првак го официјализираше останувањето на Џакомо Распадори до јуни 2028 година.

Тој претходната сезона ја мина како позајмен играч од Сасуоло, операција за која наполитанците издвоија 5 милиони евра. Сега составот од Неапол додаде уште 26 милиони евра за да Распадори и стане нивен играч.

Офанзивецот даде 6 гола и запиша 5 асистенции на 33 средби за калчолигашот.

За Италија пак има 18 настапи и 5 постигнати погодоци.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни