Италија
Италијанците го одредија официјалниот датум за рестарт на сезоната
По најавите за враќање и започнување на групни тренинзи од 18-ти мај, италијанската права фудбалска лига ова попладне излезе и со официјално соопштение, со кое ја информираше јавноста за одредениот датум за рестарт на натпреварувачка сезона.
Серија А извести дека возбудувањата во Калчолигата ќе продолжат на 13-ти јуни, па и наспроти сите контроверзи кои пристигнуваат од Апенините за реактивирање на сезоната, јасно е дека тимовите ќе мора да почнат да работат во полна пареа од следниов понеделник.
Целта е да се доиграат преостанатсите 12 кола во рекорден временски интервал, со тоа што министерството уште еднаш појаснува дека Италија нема да го употреби моделот на Германија, што значи дека еден заразен играч во Серија А, и дефинитивно ќе значи крај на сезоната.
Италијанците стојат на тоа дека цел тим треба да замине во карантин доколку биде позитивен само еден играч, нешто што не дава најоптимистички прогнози за доигрување на сезоната во Серија А.
За разлика од нив, Германците имаат сериозна намера да ја истераат Бундеслигата до крај, бидејќи во изолација ќе одат само фудбалерите кои се позитивни на коронавирусот.
-
Англијапред 12 часа
Супер компјутер ја предвиде завршната табела во Премиер лигата (ФОТО)
-
Италијапред 12 часа
Драма кај шампионот: Наполи шокираше и со спорно видео го исмеа Осимен, напаѓачот размислува да поднесе тужба!
-
Светпред 22 часа
Бускетс за Меси и незадоволните фанови: Ние не сме машини или роботи…
-
Шпанијапред 24 часа
Анчелоти за стратегот кој се најавува како негов наследник во Реал: Му посакувам…
-
Шпанијапред 12 часа
Чави по неочекуваниот кикс на Барселона: Очигледно е дека имаме една слаба точка
-
Англијапред 9 часа
Тен Хаг брутално искрен за играч на Јунајтед: Не беше на потребното ниво и го изгуби местото
-
Шпанијапред 20 часа
Барселона повторно покажа дефанзивни слабости и освои само бод против Мајорка (ВИДЕО)
-
Балканпред 23 часа
Играчите на Галатасарај подготвиле специјален пенал, Икарди се посрамоти за сите пари (ВИДЕО)