Поврзете се со нас

АТП

Историска сцена: Четворица Хрвати заедно се радуваа на златниот и сребрениот медал (Фото)

Објавено

на

По комплетирањето на мечевите во сингл конкуренција, на ред дојде финале во двојки во машка конкуренција на Олимпискиот турнир во Токио, а таму силите ги одмерија четири Хрвати кои запишаа историја за својата земја.

За првпат после 113 години, за златен медал на еден олимписки турнир во тенис се бореа четворица сонародници, а во дадениот случај тоа беа Мате Павиќ, Никола Мектиќ, Марин Чилиќ и Иван Додиг.

Добрите познаници си распределија по еден сет и првиот заврши во корист на Мате и Никола со 6:4, додека Марин и Иван одговорија во вториот со 6:3.

Мечот влезе во неизвесна завршница со специјален тајбрејк, а во истиот подобри беа поискусните и подоброрангираните во дубл конкуренција. Павиќ и Мектиќ го освоија златниот медал на Олимписките игри откако славеа со 10:6, успех со кој само ја збогатија извонредната сезона во која пред извесно време го освоија и Вимблдон.

За крај, четворицата се погрижија за историска сцена, бидејќи како добри пријатели, заедно се радуваа на златниот и сребрен медал од Олимписките игри во Јапонија.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни