Поврзете се со нас

Репрезентација

Грчка „Газета“ со огромни пофалби за Пандев: Не помислував дека ќе ја видам Македонија…

Објавено

на

Угледната грчка „Газета“ направи опширно интервју со нашиот Горан Пандев и во објавениот текст не штедеше комплименти за неверојатниот ветеран кој настапува за Џенова, за кого посочи дека е убедливо најдобриот играч кој некогаш дошол од нашата земја.

Грчкиот весник ги потенцираше сите клупски успеси на Пандев во кариерата и го награди со приматот најдобар на сите времиња во Македонија, пред се и поради фактот што ја одведе нашата селекција на историско Европско првенство на кое ќе играме ова лето.

– Никогаш не помислував дека ќе го видам својот национален тим на еден голем настан. Не верував дека со 37 или 38 години ќе успеам во тоа. Но, јас верувам во судбината на еден спортист. Судбината сакаше јас да играм во многу силни тимови, да видам се и да ги освојам сите титули, а сега и да играм со репрезентацијата на Европско.

– Да се победи со својата репрезентација е нешто најголемо, не може да се спореди со ништо друго. Би ги дал сите свои трофеи за пласман на Евро и тоа се случи. Се сеќавам што се случи по натпреварот со Грузија, се однесувавме како да сме го освоиле Европското, а ние само се пласиравме. Не беше лесно, но насмевките на моите соиграчи и сонародници се најдоброто нешто што ми се случи во кариерата, – вели Пандев, кој беше запрашан и за втората историја, победата над Германија на гостувањето во Дуизбург.

– Ноќта во Дуизбург е историска. Да ви кажам искрено, дури и сега, две седмици по натпреварот, не можам да поверувам дека победивме. Германија немаше пораз на квалификации за СП цели 20 години, а ние го сторивме тоа. Бог сакаше да се случи тоа, – вели Пандев.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни