Поврзете се со нас

Франција

„Газета дело Спорт“: Раиола побарал рекордна плата за Халанд од ПСЖ

Објавено

на

ПСЖ сака по секоја цена да го доведе Ерлинг Халанд следното лето, со што ќе се обиде да го неутрализира речиси сигурното заминување на Килијан Мбапе во Реал Мадрид, но тоа нема да биде лесна операција.

„Газета дело Спорт“ денеска објави дека ПСЖ одамна комуницира со Мино Раиола за овој трансфер, но вестите кои ги добива од агентот не се многу позитивни.

Раиола побарал годишна плата од фантастични 50 милиони евра за својот клиент, а на менито e и специјалната провизија која сигурно ќе биде на нивото на една годишна плата за Халанд.

Предност на Норвежанецот е што следното лето ќе може да ја напушти Борусија Дортмунд за 75 милиони евра, па заинтересираните клубови ќе мора да се покажат со личните финансиски услови на фудбалерот за да го добијат потписот на Халанд.

Последниот „дил“ на Раиола и ПСЖ беше тој за трансферот на Џиџио Донарума, кој без отштета се пресели во Париз.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни