Поврзете се со нас

Англија

Фоден по лесната победа на „Олд Трафорд“: Знаевме дека ќе се отвара многу простор со таква поставеност

Објавено

на

Младиот фудбалер на Манчестер Сити, Фил Фоден по победата над Манчестер Јунајтед го даде своето видување за тоа како поминал натпреварот на „Олд Трафорд“.

„Граѓаните“ обезбедија лесна победа за која не требаше многу да се испотат против тим кој изгледаше навистина разнишано.

Дека било предвидливо како ќе игра Јунајтед потврди и самиот Фоден кој ја откри тактиката која ја имале пред средбата на „театарот на соништата“.

Фоден посочи дека тој и Жезус требало да прават притисок врз Шо и Ван Бисака, за да се отвора поголем простор за неговите соиграчи. Според младиот фудбалер, сите играчи на Сити одиграле животен натпревар кој резултирал со лесна победа над големиот ривал.

– Мислам дека сите ги одигравме нашите животни партии, се беше како што треба. Голем посед на топката, креирани шанси, доминација од стартот до крајот на натпреварот.

– Јас и Жезус требаше да ги притискаме бековите, а Кевин Де Брујн и Бернардо Силва да упатуваат пасови, кои успеваа на натпреварот. Знаевме дека ќе се отвори голем простор и ние го искористивме тоа, -изјави Фоден.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни