Поврзете се со нас

Италија

Ериксен: Кјаер игра за погрешен клуб

Објавено

на

Данските репрезентативеци, Кристијан Ериксен и Симон Кјаер со своите клубови Интер и Милан во оваа сезона се борат за титулата во Серија А, па кога ситуацијата е таква знаат да се испратат и одредени провокации, „закачки“ кои овојпат дојдоа од офанзивецот.

Ериксен смета дека неговиот пријател е во вистинскиот град, но дека игра во погрешен клуб.

-Кјаер толку многу ми помогна кога пристигнав во Италија, но очигледно игра за погрешен тим. На крајот на краиштата, тој е во вистинскиот град. Играв со него долго време и многу добро го познавам надвор и на теренот. Ми помогна да се сместам.

-Разбирам многу работи на италијански јазик и познавањето на јазикот ми помага да разберам што сака тренерот. Искрено, не сум го практикувал премногу италијански јазик. Сезоната 2020-21 година беше суспендирана поради КОВИД и дома имам дете. Морав да управувам со повеќе обврски, -вели Кристијан за „ТВ2 Спорт“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни