Поврзете се со нас

Англија

Емери ги разреши сите дилеми околу можното преземање на Њукасл (ФОТО)

Објавено

на

Англискиот премиерлигаш Њукасл е во потрага по наследник на Стив Брус, па во јавноста во изминатиов период се споменуваат доста имиња како можна опција, лидери на проектот што треба да го врати клубот од северна Англија први самиот прв во Премиер лигата.

Унаи Емери беше последниот стартег кој се поврза со Њукасл, па дури и се споменуваше дека премиерлигашот е спремен да плати откупната клаузула само за да го види на „Сент Џејмс Парк“. Интересот го потврди и самиот Емери кој одлучи да седне на маса со водеочките луѓе во Вилјареал по што сепак реши да остане во сегашната средина.

-И покрај сета врева што вчера ја имаше во друга земја, во клубот имаше транспарентност и лојалност со семејството Роиг, тоа за мене е најважно. Виљареал е мојот дом и јас сум 100 отсто посветен на клубот. Искрено благодарен сум за интересот што го покажа тој голем клуб, но сум уште поблагодарен што останувам овде, му ја соопштив мојата одлука на Фернандо Роиг дека сакам да продолжам како дел од овој проект за посветеноста и почитта што ги имам добиено од клубот и моите играчи, тоа е взаемно и возвратено.

-Сакам да покажам и благодарност за љубовта и поддршката што отсекогаш ми ја покажувале. Оваа недела имаме многу важен натпревар и се надевам дека заедно можеме да постигнеме победа, ќе се видиме на стадионот Керамика, -порача Унаи.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни