Германија
Ѕвездите на Баерн бираа пензиониран фудбалер со кој би сакале да играат, одговорот на Де Лихт стана вирален (Видео)

Матијс Де Лихт не може да биде задоволен од минутажата на стартот на новата сезона и досега не одигра ниту еден целосен натпревар, бидејќи засега предност кај Томас Тухел имаат Ким и Упамекано.
Холанѓанецот е во Минхен веќе една година и се уште не обезбеди статус на сигурен стартер, па ваквите проблеми очигледно прават да биде доста конфузен и кога треба да одговори на едноставно прашање.
Баерн им направи мини анкета на своите фудбалери и ја проследи истата преку социјалните мрежи, а истата стана вирална токму поради „фејл“ одговорот кој го даде Де Лихт.
Ѕвездите од првиот тим имаа за задача да изберат пензиониран фудбалер со кој би сакале да играат на теренот, па додека најмногу се одлучија за Роналдињо, Зидан и Бекенбауер, одговорот на Де Лихт не остави никого рамнодушен.
Стоперот го спомена името на Лионел Меси, кој во овој момент се уште не размислува за пензија и веќе два месеци е ѕвезда број еден во фудбалска Америка.
Bayern Munich players were asked which retired player they would like to have played with
De Ligt's answer 💀pic.twitter.com/9rdCRA4GYk
— Troll Football Media (@Troll__Footbal) September 28, 2023
-
Шпанијапред 18 часа
Суарез за најавеното засилување на „кралевите“: Посакував да заврши во Барса, но Реал ќе добие ѕвезда во која ќе ужива со години!
-
Шпанијапред 13 часа
Поранешен претседател на Барселона: Реал прво да ни ги врати титулите, па да зборува за етика
-
Англијапред 13 часа
Премиер лигата го „круниса“ Мегваер, фановите му фатија сеир на Де Брујне
-
Светпред 17 часа
Одредени групите за Копа Америка, Аргентина ќе го отвори турнирот со плејоф победник
-
Англијапред 17 часа
Тен Хаг: Пријателите ме убедуваа да не ја прифаќам понудата на Манчестер Јунајтед
-
Италијапред 15 часа
Јувентус следи фудбалер на Лацио чиј договор истекува во јуни
-
Англијапред 6 часа
Гвардиола за играчот кој никогаш не доби вистинска шанса: Жал ми е за него, не можем да го видам во тимот на Сити
-
Англијапред 18 часа
Бруталниот Кин состави црна листа и наброја десет фудбалери кои треба да бидат ослободени од Тен Хаг