Поврзете се со нас

Германија

Дортмунд со „два во еден“ го суреди Унион Берлин, неверојатниот Гираси „испука“ хет-трик и постави нов бундеслигашки рекорд (ВИДЕО)

Објавено

на

Фудбалерите на Борусија Дортмунд не успеваат да се наметнат во Лигата на шампиони, но затоа добро им оди во Бундеслигата каде попладнево запишаа уште една победа, четврта во низа и тоа против Унион Берлин.

„Милионерите“ губеа со 2-1 по првото полувреме во кое беа поништени уште два погодоци со помош на ВАР технологијата, поточно во листата на стрелци се запишаа Филкруг, Госенс и Бонучи за кого ова беше прв гол во новата средина.

Вториот дел беше сосема поинаква прикзна, домаќаните беа ефикасни, ефективни и благодарение на Шлотербек, Брант и Риерсон го свртија резултатот за конечни 4-2.

Голем пресврт имаше и во Штугарт каде во главна улога беше кој друг ако не Гираси кој експодираше во вториот дел. Волфзбург водеше со 1-0 до 66 минута по што на сцена стапи најдобриот стрелец во шампионатот кој „испука“ хет-трик (66, 78 и 82) и со тоа донесе радост за домаќините од 3-1.

Гираси е прв играч на Штутгарт по Какау во 2010 година кој успеал да даде три гола за овој тим во најсилната германска конкуренција. Воедно африканецот веќе има 13 гола зад своето име што е нов рекорд по седум кола во Бундеслигата, поточно досегашниот максимум во оваа фаза биле 11 погодоци.

РБ Лајпциг пак не искористи два пенали и остана без триумф против Бохум (0-0), а Аугзбург загуби од Дармштад со 2-1.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни