Поврзете се со нас

Германија

Дортмунд има јасен план за Халанд, бара замена и за Санчо

Објавено

на

Германскиот прволигаш Борусија Дортмунд уште еднаш проговори за темата за која најмногу се говори кога е во прашање нивниот клуб-тоа е иднината на Ерлинг Халанд.

Халанд игра страшно по преселбата од РБ Салцбург во Дортмунд, партии кои не останаа незабележани и тоа е на мета на најдобрите европски клубови. Меѓутоа Дортмунд нема намера да се ослободи од него во овој преоден рок и за тоа говори пораката која ја испрати Себастијан Кел кој се грижи за првата екипа.

-Нема ништо на оваа тема. Ерлинг ќе се врати оваа недела и ќе биде гладен. Сака да игра фудбал, се чувствува удобно со нас и е желен за уште многу голови, -порача Кел кој истакна дека клубот бара замена за Џејдон Санчо кој се пресели во Манчестер Јунајтед.

-Ние дефинитивно сакаме да направиме нешто на трансфер пазарот. Ние сакаме да останеме амбициозни – но под кои околности? Ние внимателно проценуваме како се развиваат работите. Нема да правиме никакви луди работи. Можеби негов наследник ќе биде играч кој ќе го развиеме во врвен играч – како што сторивме со Џејдон, -истакна Себастијан за „Скај Германија“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни