Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Донарума: Не жалам што се преселив во ПСЖ

Објавено

на

Џанлуиџи Донарума во 2021 година се реши да се пресели во Пари Сен Жермен се со цел да напредува, освојува титули со тоа што главниот фокус секако беше трофејот во Лигата на шампионите.

Меѓутоа како минатата така и оваа кампања тој и неговите соиграчи доживеаа големо разочарување во ЛШ и беа елиминирани во раната нокаут фаза. Лани на нивниот пат застана Реал Мадрид, а сега Баерн Минхен кој во двомечот ги реши со 3-0.

Италијанецот е лут поради ваквиот исход, но во исто време порачува дека не жали што пред две години реши да се пресели во актуелнава средина.

-Разочарани сме, лути … многу е разочарувачки да испаднете Лигата на шампионите. Ама јас не се сомневам во мојот избор да се приклучам на ПСЖ. Никогаш не се сомневав во тоа, -рече Донарума кој истакна дека е среќен што неговиот поранешен тим Милан обезбеди четвртфинале во елитното натпреварување.

-Дали сум среќен за Милан? Да, но јас сум толку горд што сум во ПСЖ, -истакна најдобриот италијански голман.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни