Поврзете се со нас

Балкан

Црвена Звезда испрати сериозни обвинувања за трагичната смрт на Оџо: Зошто тренирал после таква препорака?

Објавено

на

Мајкл Оџо трагично го загуби животот на почетокот на месец август, откако поранешниот играч на Црвена Звезда претрпе срцев удар за време на еден индивидуален тренинг во комплексот на КК Партизан.

Српските служби во изминатиот период ги истражуваат точните причини за трагичниот настан во кошаркарскта сала на Партизан, а бидејќи во последните денови се појавија разни шпекулации и се посочуваат луѓе кои треба да преземат одговорност за прераната смрт на младиот кошаркар, Црвена Звезда денеска излезе со едно бурно соопштениое и испрати сериозни обвинувања.

„Црвено-белите“ го вперија прстот кон неколку луѓе од таборото на лутиот и вечен ривал Партизан, тврдејќи дека тие му ги организирале индивидуалните тренинзи на Оџо во  ситуацијата кога не смеел да има силен физички напор по закрепнувањето од коронавирусот.

Оџо почина од срцев удар откако претходно имал потешка клиничка слика од КОВИД 19, а Звезда тврди дека од таборот на Партизан неадекаватно инсистирале на тренинзи за да го обезбедат неговиот потпис за новата сезона.

– Тренингот на Оџо го организираше и беше надгледувам и сниман со мобилен телефон од страна на тренер на Партизан кој има и функција на скаут, Новица Чичиќ. Тој бил во салата заедно со неговиот син Никола. Ниту едниот, ниту другиот не поседуваат црвена тренерска лиценца за ваков тип на професионални тренинзи, имаат само плава лиценца која е доволна за кошаркарски тренинзи на пониско ниво.

– Зошто луѓето кои го воделе овој тренинг, го воделе без А лиценца? Зошто Новица и Никола ја игнорирале медицинската документација од пет страни во која се вели дека му е забрането да тренира? Домот за Здравје во својот извештај има потполна анализа на болеста, последната препорака е дека може да има ФИЗИЧКА АКТИВНОСТ СО УМЕРЕН ИНТЕНЗИТЕТ.

– Со оглед на потешкиот вид на коронавируст и воспалените белодробни крила, на Оџо му била дозволена само прошетка. Тој се рехабилитирал од потежок вид на КОВИД 19. Очекуваме дека во наредните денови и седмици ќе се дадат одговори на многу прашања. Се надеваме дека овој случај ќе биде расветлен до крај, – се вели во соопштението на Звезда, во кое уште еднаш се нагласува дека клубот ќе ги покрие сите трошоци за обдукција и за пренесување на телото во Нигерија.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни