Поврзете се со нас

Свет

Четири клуба ја одбиле можноста да го ангажираат Еден Азар

Објавено

на

Агентот на Еден Азар ќе има навистина тешка задача во јануарскиот преоден рок да пронајде клуб за неговиот клиент.

Од Реал Мадрид сакаат да се ослободат од играчот кој не им носи ништо во тимот, а ги чини вистинско богатство, но тоа како што стојат работите ќе биде многу тешко.

Имено, како што пренесуваат медиумите во светот, дури четири клуба ја одбиле можноста, макар привремено да го ангажираат белгискиот репрезентативец во јануарскиот преоден рок.

Прво бил контактиран ПСЖ кој веднаш одбил соработка со Реал Мадрид за Азар, а на ист потег се одлучиле и од Баерн Минхен на кого исто така им бил понуден Азар.

Можност за ангажман на Азар одбиле и од Манчестер Јунајтед и Њукасл, а засега останува подотворена вратата тој да се врати на „Стемфорд Бриџ“ во Челси.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни