Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Цела Шпанија му се поклони за спектакуларното додавање, Крос возврати со несекојдневна изјава (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/realmadrid

Тони Крос испорача спектакуларно додавање до Винисиус Жуниор и ја извади од игра комплетната одбрана на Баерн Минхен, а најинтересно од се беше тоа што Германецот му покажа со прст на својот соиграч во кој правец да тргне со движење.

Оваа генијално размислување на играчот за врска не остави никого рамнодушен и цела Шпанија му се поклони за маестралниот потег, но Тони Крос бил доста резервиран по дуелот на „Алијанц арена“ и дури испорачал еден несекојдневен одговор.

Според Тони, пасот не бил ништо посебно и најголема заслуга му даде на својот бразилски соиграч, бидејќи според него клучни во вакви ситуации е точното читање на акцијата и вистинското движење.

– Имавме добри моменти и не толку добри на овој меч. Сепак, ова е полуфинале во Лигата на шампиони и се прашува и противникот. Добар е резултатот, покажавме карактер и сега следи реваншот во Мадрид.

– Додавањето? Најголемите заслуги одат за Вини, тој ми овозможи да дадам таков пас со своето движење. Пасот не беше ништо специјално, клучно беше движењето на Винисиус. Не само што е брз, тој е и остар и одлучен, знае кога треба да се открие и да се побара топка во празно, – изјави Крос.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни