Поврзете се со нас

Лига Европа

Брага на пенали ги елиминираше Николов и Шериф од ЛЕ

Објавено

на

По Стефан Ристовски, Аријан Адеми и Елиф Елмас уште еден македонски репрезентативец со својата екипа беше елиминиран од Лигата на Европа и тоа е Бобан Николов.

Николов со својот Шериф Тираспол вечерва одигра драматичен реванш против Брага, реванш кој понуди 120 минути игра и пенали по кои португалскиот претставник обезбеди место во осминафиналето на ова натпреварување.

Домаќините уште во првиот дел преку Медеирос и Хорта ја избришаа предноста на Шериф од првиот натпревар. Меѓутоа во второто полувреме не падна ниту еден погодок, така беше и во продолженијата по што се пристапи кон изведување на пенали во кои херој беше домашниот голман Матеус.

Брага на пенали славеше со 3-2 и со тоа го продолжи патот во ова натпреварување.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни