Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Бисерот на Барселона отиде во тоалет и не се врати на теренот, Чави даде објаснување

Објавено

на

foto:twitter.com/FCBarcelona_cat

Барселона оствари тешка победа на гостувањето во Португалија кај Порто, победа од 1-0 со која дојде до шестиот бод во групата и со тоа си ги отвори вратити кон пласман во нокаут фазата, нешто што беше проблем во претходните две сезони.

Феран Торес беше стрелец на единтвениот гол во мечот во кој се повреди Роберт Левандовски, а една необична ситуација имаше со талентираниот Ламин Јамал. Тинејџерот „исчезна“ сред натпревар, поточно замина во тоалет и повеќе не се врати на теренот.

Скоро десеттина минути каталонците играа со десетмина на теренот пред Маркос Алонсо конечно да влезе и го замени напаѓачот.

-Јамал не се чувствуваше добро. Подолго време ми кажуваше дека не му е добро, дека го мачи стомакот. Искористи прилика кога натпреварот беше во прекин, но не можеше да продолжи, ми кажаа дека нема да се врати, -објасни тренерот Чави Ернандес по натпреварот.

Јамал го потисна Бабајаро и постави нов рекорд во Лигата на шампионите

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни